AC полнење
Полнењето со AC (наизменична струја) е стандардизирано за сите електрични возила, како и за сите плагин хибриди. Полнењето на AC е докажано дека ја заштитува батеријата и го продолжува животот на EV автомобилите. При AC полнењето е побавно отколку при DC, но не секој електричен автомобил располага со брзо полнење. Повеќето плагин хибриди имаат единствено AC полнење.
AC е удобно, бидејќи може да се полни речиси насекаде каде има обичен Шуко приклучок. Често електромобилот е снабден со Шуко адаптер, а кај оние кои го немаат може лесно да се набават од онлајн продавници, како и од нас. Максимална моќност на полнење од AC е 43 кВт. Додека се користи наизменична струја за полнење, се користи таканареченото „бордско” полнење, кое е интегрирано во сите електрични автомобили. Тоа ја прима влезната наизменична струја и ја претвора во постојана, при што имаме загуба при конверзијата до 10%. Еден од основните параметри при изборот на електричен автомобил, секако треба да биде моќноста на вграденото (интегрирано) полнење, кое одредува колку брзо може да се полни на многу поевтини и многу пошироко распространети станици за полнење со наизменична струја.
Обично имаме неколку типа неспецијализирани за полнење приклучоци кои обезбедуваат наизменична струја:
- 1 фазен 3.7 кВт (230V 16A) – Домашен приклучок, наречен Шуко
- 1 фазен 7.4 кВт (230V 32A) – Индустриски CCE Blue
- 3 фазен 11 кВт (400V 16A) – Индустриски CCE Red 16
- 3 фазен 22 кВт (400V 32A) – Индустриски CCE Red 32
Полнењето со CCE Blue и CCE Red не е распространето бидејќи не се нуди за купување насекаде, исто така местата каде може да се полни со таков тип адаптер е ограничено поради неговата намена.
На пазарот постојат два основни вида специјализирани портови за полнење: Type1 и Type2.
Type1 (J1772)
Овој тип конектор е познат уште од почетокот на електричните возила. Конекторот Type1 е основно користен во САД и Јапонија, но исто така го среќаваме и во Европа на автомобили увезени од тие земји. Со Type1 може да полните до 19.2 кВт при 240V монофазно 80A. Постојат преодници за полнење од Type1 кон Type2, кои овозможуваат полнење на станици со Type2.
Type2 (IEC62196)
Конекторот Type2 е распространет речиси во целиот свет и е еден од основните типови конектори за полнење, кој овозможува полнење до 43 кВт при 400V трифазно 63A по секоја фаза.
Исто така се среќава и трет тип Type3 (Alliance)
Во Франција многу точки за полнење го користат приклучокот EV Alliance Type 3C за полнење. Причината Франција да се придржува кон овој приклучок е затоа што законот во Франција предвидува дека секој јавно достапен електричен приклучок мора да има физичка заштита, така што луѓето не можат да бидат изложени на електрична струја преку допир на контактите. Каблите се нудат во еднофазни и трифазни верзии со конектори Type3 од страната на инфраструктурата и конектори Type1 или Type2 од страната на автомобилот. Ретко користен во други земји, но постои можност да наидете на токму овој тип приклучок при купување на електромобил од Франција и Италија.
Од прикажаните вредности може да разберете дека најефикасното полнење со наизменична струја е од наизменичнострујна станица за полнење, користејќи 3x230V (400V трифазен напон) и максимална струја до 32A за секоја фаза, што е еквивалентно на 22 кВт. Единствените автомобили кои можат да се полнат на 43 кВт се Renault ZOE модификација Q и Samsung SM3 Z.E.
Секој пат кога приклучувате електромобил за полнење на Шуко приклучок, уверете се дека тој полни. Многу Шуко приклучоци немаат заземјување, при што адаптерот за полнење ќе покаже грешка и нема да дозволи полнење на електромобилот.
При полнењето со кабел Type2 кон Type2 има особености и разновидности кои ја одредуваат моќноста на полнење. Пресекот на кабелот е основен фактор за моќноста. Може да ја дознаете моќноста на полнењето по ознаката на кабелот, на пример: 3G2.5mm2 (3 силови жици: 1 фаза, нула, земја) + 2x0.5mm2 (сигнални).
Видови кабели Type2 кон Type2:
-
- 3G2.5mm2 + 2x0.5mm2 – 4.6 кВт 1 фаза 20A. Со овој вид кабел полнат повеќето плагин хибриди и некои електрични автомобили, како Volkswagen e-Up, Skoda CITIGOe, Smart и други.
-
- 5G2.5mm2 + 2x0.5mm2 – 13.8 кВт 3 фази по 20A. Со овој вид кабел полнат автомобили, како Tesla Model 3, Mercedes B250e, BMW i3 и други.
-
- 3G4mm2 (или 6mm2) + 2x0.5mm2 – 7.4 кВт 1 фаза 32A. Со овој вид кабел полнат речиси сите корејски и американски електрични автомобили.
-
- 5G4mm2 (или 6mm2) + 2x0.5mm2 – 22 кВт 3 фази по 32A. Со овој вид кабел полнат електромобили, како Tesla Model S/X, Renault Zoe и други.
Сигналните жици за комуникација меѓу станицата и автомобилот не влијаат на моќноста на полнењето.
Повеќето станици за AC полнење даваат 22 кВт (400V 32A).
Целата информација е изработена врз основа на нашето лично искуство!